| четврток, 6 декември 2018 |

Почна академската година со многу проблеми за младите: Владата без слух за нивните потреби!

За студентите и професорите започна оваа академска година. Но, наместо безгрижно и амбициозно, младите со многу проблеми влегоа во факултетите. Владата предводена од лидерот на СДСМ, Зоран Заев нема слух за проблемите на студентите и им создава голема грижа и дополнителни, поголеми проблеми.

Голем дел на студенти од надворешноста оваа година немаат можност да студираат и да стекнат образование. Владата на Заев ги укина дисперзираните студии и со ваквата одлука им го ускрати правото на студирање на многу млади луѓе кои немаат средства да патуваат и престојуваат во други градови и директно се влијае на изумирање на градовите. Со ваквата одлука, идните студенти се изложуваат на дополнителни трошоци, а втората опција им е поради недостаток на финансии да се откажат од студирањето.

Оваа година бруцоши на дисперзираните студии на универзитетот Кирил и Методиј нема. Министерството за образование предводено од новата влада на СДСМ и Зоран Заев го укина уписот на дисперзирани студии на УКИМ за оваа година.

Покрај тоа што студентите нема да можат да запишат дисперзирани студии на УКИМ, Министерството за образование и наука одлучи одредени дисперзирани студии на другите Универзитети да бидат редуцирани.

Укинувањето на дисперзираните беше една од првите мерки на Владата на Зоран Заев, кој ветуваше живот за студентите, а со одлуката за укинување на дисперзираните студии, Владата на СДСМ директно удри по младите, кои директно по себе ја чувствуваат штетата.

Дисперзираните студии беа укинати без никаква јавна дебата. Не беа прашани ниту професори, ниту студенти, а ни нивните родители. Оваа одлука ја донесоа Зоран Заев и Рената Десковска, од која како универзитетски професор се очекуваше да има барем трошка чувство во корист за студентите.

СДСМ одби да даде вредносни ваучери за студентите!

Законот за издавање на вредносни бонови-ваучери кој го поднесе ВМРО-ДПМНЕ, а го одби СДСМ, предвидува редовните студенти од семејства чии месечни приходи не го надминуваат износот од две просечни месечни нето плати, а кои за прв пат се запишуваат во трета и четврта година на студии на високо образовните установи во Република Македонија да добијат бесплатни компјутери.

Пратениците од СДСМ на Комисијата за финансирање и буџет гласаа против Законот за вредносни бонови – ваучери кои требаше да се доделуваат на студентите за набавка на компјутери и компјутерска опрема, предложен од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Овој закон единствено е во интерес на студентите кои што досега во два наврати додека беше претходната власт, добиваше вредносни ваучери за набавка на компјутери и компјутерска опрема. СДСМ не покажа интерес дури ни во оваа насока да им помогне на младите.

Дополнителен удар за студентите беше тоа што со ребалансот на буџетот што СДСМ го усвои скрати над 155 милиони денари планирани за студентските домови!

Младинската гаранција – уште една лага на СДСМ

СДС кој ветуваше брда и долини за младите и студентите, уште веднаш им го сврте грбот и заборави на се што ги излажа. СДСМ не даде поддршка на Законот за издавање на вредносни бонови-ваучери, а со тоа ги спречи студентите да добијат 18.600 денари за набавка на компјутери, обвини претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски.

Младинската гаранција ја ветуваше цел партиски врв на СДСМ, сите актуелни министри и кандидати за градоначалници. Партиската заменичка на Заев и министер за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, кандидатот за градоначалник на општина Карпош од СДСМ Стефан Богоев, сите ветуваа младинска гаранција! И сите до еден ги ставија младите на маргините.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top