Состојбата на Дунав од тензична прерасна во драматична, а во Хрватска е прогласена вонредна состојба во две жупании.

Според метеоролозите, најлошото се очекува в петок, за кога се најавени уште поројни врнежи.

Се користат сите расположливи ресурси и работна сила во регионот на Вуковарско – Сремската и Осиечко-Барањската жупанија, каде што денеска во 11.30 часот беше прогласена вонредна состојба поради поплавите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


