| четврток, 6 декември 2018 |

Свој меѓу своите: Владо Мисајловски со младите во Ѓорче (ФОТО)

Еднаш Ѓорчепетровец, секогаш Ѓорчепетровец… без оглед каде ќе те одведе патот, животот, околностите. Ѓорче засекогаш останува во срцето и душата. А тоа сограѓаните знаат да го препознаат. Особено оние на кои си им и по години и по дух близок, оние кои се иднината и на општината и на земјата – младите! Затоа и тие со него и тој со нив обожува да се дружи.

Кандидатот за градоначалник на ВМРО -ДПМНЕ за општина Ѓорче Петров, Владо Мисајловски викендов беше и меѓу младите на општината. На заедничка дружба со генерациите кои доаѓаат, на разговор со девојките и момчињата од неговиот сокак, од неговото маало, населба, општината… Со младината која во блиска иднина треба да биде стожер, носител на проектите кои значат развој и просперитет на нивната заедничко место на живеење, на нивното Ѓорче…

Онака, спонтано, ненаметливо, со многу трпение, ведрина, разбирање, добра мисла, како што тој знае и умее, нивниот другар, пријател, сосед, сограѓанин, нивниот Кендо со сокче и кафенце размени дузина мислења, идеи, слушна нови предлози, а и самиот предложи решенија за реализација на проектите кои им претстојат, за доброто на нивната општина… За нивното заедничко Ѓорче да стане уште поубаво и попристојно место за живеење… За лична и заедничка среќа на секој Ѓорчепетров.

Блиски по возраст, по размислување, по поимање на она што значи заеднички живот за сите во општината, Владо Мисајловски и младите од општината во која е кандидат за иден градоначалник го минаа неделното претпладне, со убедување и цврсто ветување дека ќе направат се’, Ѓорче да биде уште попросперитетна општина, општина за пример, општина за заедничка гордост на сите оние што живеат во неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top