| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во Скопје: Му вперил пиштол среде улица

Крвава расправија вчера се одвивала на Видое Смиелвски Бато во Скопје.

Случајот во полиција вчера вечерта го пријавил 43 годишниот Б.Ш. од Скопје. Тој истакнал дека вчера попладнето му се јавил Д.С. и го повикал да се видат на булеварот „Видое Смилевски Бато“ со цел да ги решат недоразбирањата кои претходниот ден ги имал со неговиот татко К.Ш. но кога се сретнале Д.С. почнал да го навредувал Б.Ш. и да се заканува со убиство кон него и неговиот татко доколку истите не ја повлечеле претходната пријава. Во еден момент Д.С. извадил пиштол и го вперил кон Б.Ш., но истиот го фатил за рака и го совладал, информираат од полицијата.

Д.С. со телесни повреди добиени во тепачката бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top