| четврток, 6 декември 2018 |

„Нов круг“- ново списание за деца и млади

Деновиве, излезе од печат првиот број на новото списание за книжевност за деца и млади „Нов круг“ во издание на Издавачката куќа „Феникс“ од Скопје.
На повеќе од 150 страници објавени се прилози во следните пет рубрики: Темат, Творечка работилница, Мостови и Паноптикум.
Во овој број тематот е посветен на Новата книжевност за деца и млади кај нас и во странство, при што се опфатени најсовремените автори, дела, процеси, појави и тенденции во Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Германија, Бугарија и други земји.
Во првиот број на списанието „Нов круг“ со свои прилози и творештво се застапени следниве автори: Виолета Димова, Мито Спасевски, Виктор Радун, Андријана Кос-Лајтман, Драгица Шредер, Васил Тоциновски, Душан Ѓуришиќ, Александар Чотриќ,  Билјана Станковска, Љубинка Донева, Жаклина Михајлова, Славица Дабевска – Кировска, Божидар Просењак, Мошо Одаловиќ, Трајче Кацаров, Тоде Николетиќ, Драган Ј. Ристиќ, Саво Костадиновски, Емилија Церовиќ Млаѓа, Викторија Македонска, Ненад Грујичиќ, Христо Петрески и Нада Зафировска – Матиќ.
Списанието е збогатено со ликовни илустрации и визуелни, односно сигналистички творби.
„Нов круг“ е меѓународно списание за книжевност за деца и млади во кое прилозите се објавуваат на оригиналниот јазик на кој се создадени, но и во превод и препев на повеќе јазици и е прво и единствено од овој вид кај нас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top