| четврток, 6 декември 2018 |

Обрадовиќ од „Двери“: Нема вие да ни ги воспитувате децата

Лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, изјави дека сексуалната ориентација не е човеково право и дека е недостојно личноста да се сведува на нејзината сексуалност. Тoј жестоко се спротивстави на одржувањето на белградската парада на гордоста.

Обрадовиќ смета дека геј парадата го навредува јавниот морал на Србија и е само првиот чекор кон парадирање низ останатите сфери на системот.

-Го почитувам нивното присуство во заедничката борба против изборната кражба, подготвен сум да го поддржам секој кој трпи каква било дискриминација, но геј парадата е небитна и наметната тема. Има поважни теми кои се маргинализирани, како белата чума или катастрофалната состојба во стопанството или проблемит на оние кои имаат кредити во швајцарски франци, рекол Обрадовиќ пред одржувањето на парадата.

Нивната цел не е собирање туку да загосподарат со учебниците, пколите, медиумите, политиката, законодавството, а крајната цел им е да ги легализираат хомосексуалните бракови и да им се овозможи посвојување деца.

-Ние сме против оваа идеологија и по урнек на руското законодавство ќе предложиме закон за забрана на промоција на хомосексуалноста на малолетни лица, истакнува Обрадовиќ.

По парадата Обрадовиќ се обрати во Собранието на Србија на истата тема и ги повтори ставовите на Двери.

-Ние мислиме дека геј парадите треба да се забранат. Тоа е наш став и зад него стои огромно мнозинство на граѓани на Србија. Што не излезете на референдум? Што не ги прашате граѓаните на Србија дали се за одржување геј паради кога сте веќе толку убедени во тие ваши ставови? Ако мнозинството е против тоа, па не можете да ја одржите, крај, рече Обрадовиќ на Одборот за човекови и малцински права.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top