| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ се враќа од Солун со пораз

Екипата на МЗТ Скопје денес претрпе пораз во Солун од грчкиот прволигаш Арис во контролниот натпревар, со резултат од 72-54 (18-16, 26-18, 16-9, 12-11). Аеродромци во првата четвртина беа достоен противник на домашниот состав, но притисокот на Арис во продолжението од средбата беше клучен фактор за поразот на актуелниот македонски првак.

Меѓу избраниците на Тодоров најефикасен беше Бојан Трајковски со 16 поени, Брет Бејли постигна 11, додека Јуре Лалиќ заврши со 10 поени.

Ова е трет пораз за „сино-белите“  во досегашните подготовки, откако беа поразени во пресметките со Бујукчекмече и со Цибона на турнирот во Истанбул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top