Денеска на пладне, од затворот во Штип, дома за Куманово си замина Бајруш Сејдиу, кој повеќе од шест години е во затвор за перење пари, насилство, злосторничко здружување и фалсификување.
Сејдиу е пуштен по молба за прекин на казната, а со дозвола на директорот на Управата за извршување санкции, потврди за Канал 77, директорот на затворот во Штип, Мики Тодоров. Сејдиу доби привремен отпуст до четврти октомври.
Како што дознаваме, привремениот прекин е од медицински причини.
Во случаите,, Пепел 1”полицијата заплени преку 15 тони цигари, кои биле нелегално изработувани и шверцувани и тутунскиот бос Бајруш Сејдију и неговата злосторничка група беа осудени за злосторничко здружување и повреда на акцизи.
Бајруш Сејдиу заедно со уште 13 луѓе, негови соработници во случајот „Пепел 2“ беше обвинет за малверзации и стечајни постапки со четири кумановски фирми „Жито мел“, „КЕН“, „Истра Инженерин“ и „ЗИК Сточарство“. Сите заедно добија вкупно 76 години затвор, а имотот на Сејдиу беше одземен.
Кумановскиот АЛ Капоне за случаите пепел,имаше направено штета од преку 60 милиони евра и уништено голем дел од фирмите кои важеа за производствени гиганти во град Куманово.
Бајруш Сејдиу е осуден на казна затвор од 12 години. Во придружба на полицијата често беше носен на прегледи и интервенција во Клиничката болница во Штип. Пред три месеци, управата на штипскиот затвор одби да го пушти Сејдиу на погреб на неговата мајка, со објаснување дека таквата пракса е недозволива.
Ова е втор затвореник со звучно име како привремено го напушта штипскиот затвор. Неодамна, на викенд беше пуштен Кондовецот Агим Красниќи, осуден за изборни насилства
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст