| четврток, 6 декември 2018 |

Сопственик на менувачница застрелан во скопски Сарај

Три непознати лица вчера вечерта пукале кон сопственикот на менувачница во скопски Сарај.Инцидентот се случил во ТЦ “Сарај“ пред менувачницата кога лицата од кои едно вооружено со автоматска пушка, а другото со пиштол, извршиле разбојништво врз сопственикот.

-Кон истиот било пукано со огнено оружје и притоа се здобил со повреди во пределот на двете нозе по што со возило бил пренесен во Ургентниот Центар во Скопје за укажување на лекарска помош, информираат од полицијата.

СВР-Скопје превзема мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top