| четврток, 6 декември 2018 |

Владата на СДСМ ги укина дисперзираните студии, младите извисени

Оваа година нема бруцоши на дисперзираните студии на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Министерството за образование предводено од новата влада и Зоран Заев го укинува уписот на дисперзирани студии на УКИМ за оваа година.

Покрај тоа што годинава нема да има упис на дисперзирани студии на УКИМ, од Министерството за образование и наука соопштија и дека одредени дисперзирани студии на другите Универзитети се редуцирани.

Ако Скопје е Македонија, дисперзирани студии не ни се потребни

Со ваквата скандалозна одлука на новата влада на СДСМ и Заев се скратува правото за дисперзирани студии и со истата им се нанесува директна штета на младите.

Дополнително, со ваквата одлука им се ускратува правото на студирање на многу млади луѓе кои немаат средства да патуваат и престојуваат во други градови и директно се влијае на изумирање на градовите. Со ваквата одлука, идните студенти се изложуваат на трошоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top