Прашањето за името на Скопје, Кипар и реформите во Обединетите нации биле главните теми за кои синоќа во Њујорк разговарале грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас и генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш.
Според Коѕијас, разговорот бил „интересен“, а Гутереш го поздравил и ставот на Грција за миграцискиот проблем.
Во врска со проблемот кој Грција го има со уставното име на Република Македонија и разговорите со посредништво на медијаторот Метју Нимиц, Коѕијас рекол дека „постои отворен прозорец за можности“ да се разговара по завршувањето на локалните избори во октомври и доколку „соседната земја го напушти иредентизмот“.
Прес службата на ОН, како што објави грчкото МНР на Твитер, по средбата издала соопштение во кое, меѓу другото, се вели дека генералниот секретар ги поздрави обновените напори за наоѓање решение за спорот за името и го уверил грчкиот министер за надворешни работи во посветеноста на ОН да ги поддржи двете земји во овој контекст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст