Висока делегација на Црна Гора предводена од министерот за европски прашања и главен преговарач на Црна Гора во преговорите со ЕУ, Александар Андрија Пејовиќ, денеска во Скопје ќе има средба со владина делегација предводена од вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.
Целта на посетата е одржување на третиот состанок на Заедничкиот комитет помеѓу Република Македонија и Црна Гора во рамки на Договорот за соработка меѓу двете влади во процесот на европските интеграции. Пред овој, беа одржани два вакви состаноци, од кој првиот беше одржан во Скопје, додека вториот беше одржан минатата година во Бар, Црна Гора.
Овие состаноци имаат цел размена на искуства помеѓу двете земји за процесот на евроинтеграција, а се очекува да се отворат и теми од заеднички интерес во рамки на регионалната соработка, како оние за поефикасно искористување на ИПА средствата, како и иницијативите кои произлегуваат од Берлинскиот процес, соработка меѓу земјите од Западен Балкан.
Во состав на црногорската делегација се високи претставници од Министерството за европски прашања како и црногорската Агенција за заштита на конкуренција, додека од македонска страна ќе има претставници од Министерството за правда, Министерството за финансии, од МНР, Министерството за економија, Министерство за локална самоуправа, МВР, како и Комисијата за заштита на конкуренција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст