| четврток, 6 декември 2018 |

Прегазена малолетничка – се бори за живот на скопските Клиники

Околу 22 часот и 55 минути во Кичево на улицата „11-ти Септември“ се случила сообраќајна незгода во која патничко возило “Митцубиши“ со охридски регистерски таблици управувано од 25-годишниот М.Ц. од Кичево удрило во пешак на возраст од 15 години од Кичево.

Во незгодата со телесни повреди во пределот на главата и телото се здобил пешакот која по укажаната лекарска помош во Медицинскиот Центар во Кичево, бил пренесен во Ургентниот Центар во Скопје за понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полицијата.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top