Неколку куќи се евакуирани, а осум лица се однесени во болница по “хемиски инцидент во југоисточниот дел на британскиот главен град, Лондон”, информира ББС.
Осумтте лица се однесени во болница, бидејќи тие повраќале и биле болни, велат од болницата каде што се примени.
Лондонската противпожарната бригада испрати тим за хемиски инциденти за да се обидат да ги дознаат причините, а Скотланд Јард рече дека нема причина да се верува дека случајот е криминален.
Пет пожарникари пристигнаа во областа, заедно со тим на болничари. Портпаролот на противпожарната служба изјави дека 12 лица се евакуирани од загрозените куќи како “мерка на претпазливост”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.