| четврток, 6 декември 2018 |

Татко и син починаа од струен удар во својот дом во Струмица

54-годишен жител на селото Сушица во општина Ново Село починал од струен удар додека се туширал во своето купатило. Полицијата соопшти дека тој „од неисправна електричната инсталација добил струен удар и починал на самото место“. Откако неговиот 30-годишен син ја забележал трагедијата, отрчал да помогне, но и него го снашла трагична судбина.

-И синот добил струен удар по што добил струен удар и починал, соопшти полицијата. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител, увидна екипа од СВР- Струмица и од ЕВН. Тие ќе треба да утврдат што е причината која довела до струјните удари од кои загинаа татко и син.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top