Влатко Васиљ, Љупчо Бубо Каров, Петрит Сарачини, Нора Шаќири, Дарко Лешоски… се само дел од луѓе кои до пред половина година се претставуваа како непартиски граѓански активисти и дел од Шарената револуција, а сега се лица вработени на функции во Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев.
Институциите кои претходно ги уништуваа и ги боеја сега станаа места каде голем дел од нив си се вдомија и добија функции. Владата на СДСМ стана биро за вработување на сите активисти на Шарената револуција.
Вдомија лица кои досега во овие 100 дена не покажаа ниту еден проект, единствена нивна активност која граѓаните ја знаат е само нивните вработувања, јавноста ниту знае што работат, ниту дали досега имаат сработено нешто што може да биде од општа корист за граѓаните.
Се почна уште пред изборите, откако СДСМ на листите за пратеници ги стави Павле Богоевски и Ивана Туфегџиќ, едниот истакнат член на Шарената Револуција, а другата својата кариера ја почна во Студентскиот пленум.
Последен таков пример е вработувањето на братот на Ермира Мехмети и еден од најистакнатите членови на т.н. Шарена револуција, Замир Мехмети. Тој, ниту помалку, ниту повеќе доби директорска фотелја во Телеком.
Тој нема работено ништо што е поврзано со телекомуникациите и менаџирањето, она што е познато за неговата кариера е дека бил активен во неколку невладини организации, најголемиот дел финансирани од Сорос.
Јавноста прашува и колку пари Мехмети ќе зема за ангажманот и што уствари ќе биде неговиот ангажман? Како Мехмети може да придонесе во телекомуникациите, без никакво искуство од тој сектор?
Исто така јавноста се прашува и како Замир Мехмети го прифатил предлогот од Владата, предлог за кој гласале и министрите од ДУИ, за кои во мај оваа година активистот Мехмети кажа дека не би им верувал ниту за благајници во куќен совет да бидат.
-Не знам кој е точниот пазар на Заев со Ахмети ама пола од предлог министрите од ДУИ, не би им верувал ни за благајници на куќен совет да бидат. Толку капитални кадровски компромиси би биле контрапродуктивни кон идејата на новото време. Ова се разбира ако сакате владата да е реформска, ако не супер е и вака, напиша на Фејсбук членот на т.н. „Шарена револуција“ и брат на Ермира Мехмети, Замир Мехмети.
И Бубо Каров, кој на јавноста и е познат како „Цацко“ се вработи во државна институција. Тој откако гласно протестираше против ВМРО-ДПМНЕ стана надворешен советник на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски.
Министерството за култура на Роберт Алаѓозовски ja вдоми и Нора Шакири благодарение на протестирањето против ВМРО-ДПМНЕ.
Таа од Заев побара да ја вработи, откако поранешниот новинар Мухамед Зекири се вработи во СДСМ, а потоа стана и пратеник од таа партија.
На социјалните мрежи Нора Шаќири го прашуваше Заев зошто е таа помалку вредна од Мухамед Зекири?
Откако Шаќири го прозва, Заев и одговори оти тој не знаел дека таа има потреба од ангажман и работа, и ја повика на кафе кај него во партија.
-Зоки фала на поканата. Ќе пиеме кафе обавезно. Толку многу сум зборувала јавно така да не знам како не си слушнал, му напиша Нора Шаќири, на претседателот на СДСМ.
Останува прашањето, според кои законски критириуми Шаќири е вработена во ресорното министерство?
Ова не е единствен случај на вакво вработување во ова Министерство. Кон средината на август се вработи и Лидија Кировска, сопруга на директорот на телевизијата „Телма“, Атанас Кировски.
Вработувањето на Кировска во Министерството за култура беше еден од многуте претходни случаи на масовни вработувања, не по клуч на професионалност, туку по клуч на пријатества, непотозам и политички интерес.
Дел од Шарената револуција, а сегашен директор е Стојанче Павловски, кој покрај „уличната школа“ од Шарена Револуција, има само средно образование. Тој дојде на местото на Зоран Џорлев, откако СДСМ реши да го смени еден од најдобрите музирачи кои Македонија некогаш ги имал, како што велат музичките познавачи, вистински маестро на виолината, а на негово место како што пишавме доведен е човек со само средно образование.
СДСМ под државна капа стави и други партиски членови, активисти на Сорос, како и лица кои се познати од „Шарената револуција“, кои причинија огромна материјална штета на објекти низ Скопје, како што се Зоран Бојаровски, Бојан Маричиќ, Влатко Васиљ, Дане Талески, Марјан Забрчанец, Никола Наумовски, Петар Арсовски, Ѓунер Исмаил, Бранимир Јовановиќ и многу други.
Граѓаните се гневни што Владата на СДСМ мисли само на вдомување на своето партиско членство и активисти кои беа под капата на фондациите на Сорос, и тоа во моменти кога младите се иселуваат, за само три месеци владеење на СДСМ од државава заминале дури 20.000 луѓе кои треба да бидат иднината на држвата, стопирано е зголемувањето на пензиите, од ветените повисоки плати се уште ништо, како и многу други ветувања кои ги даваше СДСМ пред изборите, а се далеку од исполнување.
Граѓаните се зачудени што Владата прибира профили на лица како Влатко Васиљ, Дарко Лешоски, Бубо Каров, Нора Шаќири, Петрит Сарачани, Замир Мехмет и сите останати активисти, кои единствено се познати како активисти во Шарената револуција и останати акции на СДСМ, без никакво работно искуство во секторите во кои што се сега ставени, а за тоа се и дебело платени. Граѓаните прашуваат како тие може да помогнат за враќање на животот во Македонија, нешто што Заев гордо го најавуваше во предизборниот период, за сега како што велат граѓаните да гледаме само урнисување на цел еден систем кој функционираше.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст