На овие локални избори најголемата опозициска партија одлучи за противкандидат на Александар Наумовски во Ѓорче Петров да го кандидра поранешниот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски.
Кој не играл фудбал на „Кокта“, баскет на „Кочо“ и не пливал на Састав, тој не знае што е Џорче. А, џорчевци сите ја поминале таа „школа“. И Владо Мисајловски, „у Џорче“ познат као Кендо, е џорчевец. И тоа баш џорчевец. И по татко, од кого го наследил надимакот
Ако ги прашате соседите и пријателите на Кендовци у Џорче ќе речат:
-Вредно момче, кое покрај ангажманите во политиката, не се штеди, ниту срами, да му помогне на татко му во фурната.
Од едно обично маалско момче од Џорче, кое почнува како член во ВМРО-ДПМНЕ, вредно и макотрпно работи за да го изоди трнливиот пат и да се искали во човек на кого луѓето му веруваат. Кендо не е од оние кои имале предиспозиции во политиката, поради тоа што некој од нивните родители биле политичари или функционери. Кендо е фајтер, кој сам си го трасира патот, и тоа го прави многу квалитетно.
Изборот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, има богата и успешна кариера зад себе. Тој првпат се кандидира за градоначалник. Мисајловски и неговото семејство потекнуваат и живеат во населбата Ѓорче Петров. Ѓорчепетровци одлично го познаваат и го почитуваат како умерен, работлив и исполнителен човек.
Дипломирал на Факултетот за политички науки и меѓународни односи, отсек дипломатија и меѓународна политика.
Кариерата ја започнал во приватна фирма за трговија на стоки, по што влегува во кабинетот на Претседателот на Собранието како помлад соработник за меѓународна политика. Потоа станува советик за меѓународна политика во Кабинетот на Претседателот на Собранието. Следно работно искуство има како советник во општината Ѓорче Петров, па како претседател на Комисијата за прашања, избори и именувања во истата општина, па советник за меѓународна политика во општина Центар, каде што имал и функција раководител на Сектор за подршка на активности на градоначалникот. Потоа влегува во Министерството за надворешни работи како државен секретар, па станува државен секретар во Министерството за транспорт и врски, па директор на Јавното претпријатие за државни патишта, од каде што преминува на чело на Транспорт и врски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст