Големата најава на премиерот за враќање на една од најголемите фабрики која работеше порано во Македонија „ФАС 11 Октомври“, ребрендирана во името „САНОС“, ќе му даде полни раце работа на Јавното обвинителство, бидејќи постојат сериозни индиции за голем криминал и директно удирање по државната каса и џебот на граѓаните
Веќе некое време сите се прашуваат како е можно да се направат 70 автобуси од само тројца вработени, еден службеник и две жени. Експерти и од областа на производството и од областа на економијата се согласни дека во овој случај се работи за голема измама.
Поранешен вработен во фабриката „ФАС 11 Октомври“, во производствениот сектор во разговор откри дека најголем дел од опремата за правење автобуси во фабриката е продаден и таму нема никаква шанса да се направи нов автобус.
Според неговата изјава „ФАС 11 Октомври“, во чии простории сега е оваа фабрика, само во производниот дел во фабриката биле вработени 1.800 луѓе, кои годишно произведувале 1.600 автобуси, значи во просек по помалку од еден автобус од работник. Како паралела сега оваа компанија има вкупно тројца вработени, значи во просек еден вработен сам треба сега да произведе 23 автобуси. Покрај тоа во моментов во индустриската зона Бунарџик работи и фабриката „Ван Хул“, која исто така произведува автобуси за извос, во која пак работат повеќе од 800 работници.
Економските експерти пак сметат дека позади оваа измама стои бизнис игра на моќници од власта кои сакаат да избегнат плаќање данок. За познавачите на ваквите прилики овде постои сомнеж за финансиска малверзација. Имено постои можност дека се работи за разработена мрежа каде компанијата набавува половен автобус и врши репарирање и потоа низ царината ги извезува како нов производ по што прави од државата фиктивен поврат на ДДВ со што се оштетува народниот буџет.
Даночните инспектори и Јавното обвинителство ќе имаат полни раце работа, тие ќе треба да утврдат како е можно фирма со тројца вработени да произведе толку автобуси, дали се купени половни автобуси кои се репарираат како нови и дали постои извоз и дали ќе биде побаран поврат на ДДВ. Даночните инспектори ќе треба да проверат дали овој помпезно најавен проект на Зоран Заев е само една обична перална на пари.
Соседи на фирмата велат дека се навистина зачудени како фабриката преку ноќ успеала да произведе автобуси, кога како што велат тие во фабриката со години нема ниту еден човек. Еден очевидец на случувањата во „САНОС“ ни потврди дека неколку дена пред посетата на премиерот Заев во фабриката, на паркингот на фабрикат имало паркирани автобуси. Тој ни потврди и дека во последно време таму почнале да се вртат луѓе од власта.
-Нема никој со години во фабриката, ниту се слуша звук или гледа активност, се зачудивме кога излегоа дека произвеле автобуси. Често се вртат луѓе кои ги гледаме на телевизија и се дел од Влдата, изјави граѓанин кој секојдневно ги гледа активностите на „САНОС“, активности кои како што вели и ги нема
Премиерот Зоран пред неполни два месеци се појави на по се изгледа фиктивен настан, каде најави производство 0 нови високо туристички автобуси, а како што објави Телевизија Алфа освен чуварот и еден џип со белградски таблици, дворот зјае празен.
Заев кога беше во посета на оваа фабрика, позади која според информациите има многу матни игри, кажа дека е таму да се поклони пред работниците, кои според официјалните документи се три на број.
-Јас денес со моето присуство овде, сакам да оддадам почит кон менаџментот на компанијата, но овде сум пред се да се поклонам пред овие работници, кои што во ова тешко време, со оваа традиција на оваа фабрика издржале и создале едни вакви прекрасни дела со кои јас, а верувам и цела Македонија, се гордее, како што се гордеат и тие, изјави Заев при посетата на фабриката „САНОС“.
Освен бројка на вработени потребна е инвестиција во машини. Состојбата на САНОС е поприлично лоша. Во 2003/2004 година неа ја купи бизнисменот Славе Распашковски за околу 1,5 милиони евра со цел да го обнови производството на автобуси и да врати на работа поголем број од поранешните работници. Оттогаш имаше неколку безуспешни обиди за рестарт на фабриката.
Последната понуда за продажба на САНОС била во 2005-та година од Волво, но не била постигната согласност поради превисоката цена која ја побарал управникот Распашковски.
Молк има и во Царината, од каде не кажуваат дали автобусите кои како што кажа премиерот биле произведени во фабриката, а според познавачите на состојбите тоа е неверојатно, се извезени или не.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст