| четврток, 6 декември 2018 |

Факултетот за туризам и угостителство – Охрид стана член на 16+1 Унијата на колеџи по туризам

Oд 14 до 16 септември во Подгорица се одржа Форум 16+1 за соработка помеѓу Народна Република Кина и 16 држави од Централна и Источна Европа. Годинашниов самит, што се одржа во Црна Гора, имаше цел да ја унапреди соработката во областите транспорт и логистика, агробизнис и туризам.

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола е активен учесник на овој форум. Во рамки на Форумот деканот на Факултетот за туризам, Цветко Андреески, потпиша договор за креирање на 16+1 Унија на колеџи од областа на туризмот во која учествува и Факултетот за туризам и угостителство – Охрид.

Оваа иницијатива е поддржана од страна на Владата на Народна Република Кина.

16+1 е иницијатива на Владата на Кина, која има цел да поттикне сорботка меѓу Кина и шестаесет земји од Централна и Источна Европа: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија. Унгарија, Летонија, Литванија Црна Гора, Полска, Србија, Македонија, Словачка и Словенија. Иницијативата е започната во 2012 година, а настојува да развие економска, политичка и културна соработка меѓу регионите и Кина преку размена на информации на самити, конференции, деловни форуми и други настани посветени на туризам, образование, земјоделство, енергетика и инфраструктура.

Следната година домаќин ќе биде Белград.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top