| четврток, 6 декември 2018 |

Несреќа кај Ниш: Загинаа двајца политичари

Претседателот на Општина и претседавачот со Советот на општината Ранилуг, Градимир Микиќ и Саша Алексиќ загинале во сообраќајна несреќа кај Ниш, јавува РТВ Плус.

Од полицијата за Танјуг информирале дека двајца мажи загинале во сообраќајна несреќа на автопатот Лесковац-Ниш, недалеку од наплатната рампа Дољевац-Ниш.

До несреќата дошло откако возилото излетало од коловозот. Повредени се уште две лица во несреќата, маж и жена, кои се пренесени во Клиничкиот центар во Ниш.

Инаку, Микиќ се наоѓал на листата за кандидати за градоаначлник на Ранилуг за претстојните локални избори во Косово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top