ВМРО-ДПМНЕ продолжува со трибините, кои се уште еден начин на кој партијата преку своите комисии е во поблиска комуникација. Денеска трибина имаше Комисијата за Европски и Евроатлантски интеграции. Модератор на оваа трибина беше Ана Блажевска.
Блажевска кажа дека целта оваа дискусија е граѓаните да се потсетат што направи ВМРО-ДПМНЕ на полето на европските и евроатлантските интеграции во изминатите 11 години, да се види каква е ситуација, како да се најави што може да не очекува во иднина. Таа напомена дека комисијата ќе продолжи да ги следи сите тековни активности на Владата на ова поле.
-Ќе продолжиме да работиме на подобрување на состојбите, да ги следиме проектите кои се надеваме дека новата Влада ќе ги реализира, да работиме во интерес на граѓаните, односно да се обидеме да спречиме се што може да направи новата Влада што не би било во интерес на граѓаните. Најпрво сакам да кажам дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ е таа што го отвори патот на Република Македонија за членство во ЕУ, ние ја обезбедивме првата препорака за членство во 2009 година и од тогаш па наваму имаме 8 последователни позитивни извештаи и осум препораки за членство, изјави Блажевска.
Таа спомена дека во истата 2009 година била обезбедена и визната либерализација, од која директно подобрување на животот видоа граѓаните. Како што кажа со таа активност за сите граѓани се обезбеди можност за патување, младите добија можност како што таа вели полесно да одат на школување во странство. Таа вели дека сега останува да видиме каде ќе не однесе новата Влада на патот кон ЕУ.
-Пред да дојде на власт СДСМ најавуваше многу брзо, експресно влегување во ЕУ, сега од тоа нема ништо, тие ретерираат, покажуваат дека единствен успех кој ќе може да го постигнат е продолжување на препораката. Досега велеа дека единствена пречка на патот е ВМРО-ДПМНЕ, сега и самите сфаќаат која е всушност пречката на тој пат, дека пречката е всушност спорот кој нашиот јужен сосед ни го наметна во однос на нашето уставно име и всушност самото ветување дека ние ќе станеме час поскоро членка на ЕУ, е ветување дека за нив нашето уставно име не е ништо свето и дека тие би го продале, би го смениле само да обезбедат што поскоро членство во ЕУ, потенцираше Блажевска.
Таа напомена дека се додека ние не го смениме процесот не може да биде деблокиран. Таа кажа дека планот 3-6-9 кој Владата на СДСМ го донесе во првите 100 дена е само копирање и може да се каже менување на бојата на планот кој што го донесе ВМРО-ДПМНЕ, во однос на реализација на итните реформски приоритети.
-Со овој план тие всушност сакаат да протнат се она што е нивен политички интерес и да го продадат како приказна дека всушност тоа го бара ЕУ од нас. Тоа веќе го видовме во однос на законот за јазици, кој што не претставува усогласување со никаков европски пропис, ЕУ никогаш не побарала од нас да донесеме таков закони всушност тие се обидуваат сите вакви штетни појави да ги пласираат под превезот на европското знаме, изјави Блажевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст