Смачено ви е од фотографиите од одмор на вашите пријатели? Здодеано ви е да слушате за големото отворање на некој бизнис? Некоја од вашите групи не може да престане да зборува за средбата што се планира? Вие не сакате да ги отследите овие личности, фан страници или групи бидејќи сакате да бидете во тек со нив, па затоа досега ги трпевте и молчевте… Но не грижете се, бидејќи Фејсбук знае што ви е потребно!
Новата опција „снуз“ ќе ги скрие оние новости од кои ви е преку глава, така што привремено ќе ги прикрие објавите од одредени пријатели, фан страници или групи на 24 часа, 7 дена или 30 дена.
Оваа опција е одлична кога не сакате целосно да отследите некого, но во моментот нивните објави ви пречат. Тоа овозможува дополнителна контрола над тоа што го гледате преку вашиот профил. Фејсбук цели кон идејата да одржувате голема социјална мрежа, без разлика дали е за маркетинг или пак, едноставно за споделување настани бидејќи од тоа „живее“. Па кога ќе се нервирате со нечии случување, лесно можете да го решите проблемот без да ја прекинете поврзаноста, па тоа не само што е добро за вас, туку е одлично и за начинот на кој функционира оваа социјална мрежа.
Новата опција полека се отвора кај корисниците, па можно е сè уште да не е достапна за вас. Но проверувајте деновиве, особено ако веќе знаете како да ја искористите, бидејќи таа полека ќе стане видлива кај сите.
За да направите снуз, треба да стиснете на стрелката во десниот агол од нечија објава. Но наместо единствената досега опција за отследување, сега ви се дава можност и за снуз, односно откако ќе кликнете на неа можете да изберете дали отследувањето да биде на ден, недела или месец. Секако опцијата за целосно отследување сè уште е во игра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.