| четврток, 6 декември 2018 |

„Алфа“ открива: Наместо производство на 70 туристички автобуси – во „Санос“ штама

Неофицијално, Алфа од свои извори дознава дека во фабриката „Санос“ вработени се само три лица, од кои еден службеник и две жени. Оттука се поставува прашањето како може да се направи комплетно производство на десетици автобуси со само тројца вработени?

Наместо производство на 70 туристички автобуси во фабриката на „САНОС“ во Скопје владее штама, објавува телевизијата „Алфа“. Пред неполни два месеци премиерот Зоран Заев најави производство на 70 нови високо туристички автобуси за извоз. Но, како што забележува камерата на телевизијата „Алфа“, освен чуварот и џипот со белградски таблици кој најверојатно е на газдата, дворот на фабриката зјае празен.
Камерата на Алфа регистирала искршени прозорци, празни работилници, а наместо звук на машините од погонот за изработка на автомобили, барем денеска изгледало како сите да заминале на колективен одмор.
Чуварот на објектот, во кој од пред 15-тина дена е сместено и ЈП „Комунална Хигиена“, не и дозволил на екипата на „Алфа“ влезе во кругот на фабриката, но им одговори дека таму производниот процес тече со забрзана пареа.
Неофицијално, Алфа од свои извори дознава дека во фабриката „Санос“ вработени се само три лица, од кои еден службеник и две жени. Оттука се поставува прашањето како може да се направи комплетно производство на десетици автобуси со само тројца вработени? Имајќи предвид дека автобуси за извоз произведува и белгиската компанија „Ван Хул“ во скопски Бунарџик, каде работат повеќе од 800 работници.
Република“ уште во јули пишуваше дека зад оваа приказна, која во јавноста се продава како пример за успешна македонска компанија, се крие сомнеж за огромен скандал. Наместо производство на нови автобуси, се купуваат и репарираат половни, кои потоа кои потоа преку царината се извезуваат како нов производ со што од државата прави фиктивен поврат на ДДВ на штета на народниот буџет. Останува даночните инспекции да утврдат како е можно да се произведат пет автобуси со тројца вработени, дали автобусите се купени половни и конечно дали ќе биде побаран поврат на данокот.
Инаку, кон средината на месец јули, премиерот Заев присуствуваше на свеченост по повод испораката пет нови автобуси – нарачка за Казахстан. Тој тогаш рече дека оваа фабрика треба да произведе уште 70 автобуси за истиот купувач и вети дека Владата ќе даде финансиска помош со цел компанијата да го зголеми производството.
Фабриката „Санос“ пред 13 години ја купи бизнисменот Славе Распашковски за околу 1,5 милиони евра со цел да го обнови производството на автобуси и да врати на работа поголем број од поранешните работници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top