| четврток, 6 декември 2018 |

Крај на уште една голема љубов: Се разделија Јелена и Стјепан

Како што известуваат хрватските медиуми Розга (40) и нејзиното момче, Стјепан Хаусер (31) од „2Cellos“ после две и пол години ја прекинале врската и одлучиле секој да тргне по својот пат.

Причините за прекинувањето парот ги задржал за себе, но честата раздвоеност сигурно не помогнала, со оглед на тоа дека и двајцата имаат густ деловен распоред.

Првпат заедно се видени на концертот на „2Cellos“ во Љубљана во јануари 2015 година, кога биле снимени. Во последно време изостанале нивните заеднички фотографии на Инстаграм, а сега е јасно и зошто…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top