| четврток, 6 декември 2018 |

Угледот и кредибилитетот на д-р Митко Тилев гарантираат сериозна програма и сигурна победа уште во првиот круг

Со одлука на извршниот комитет на партијата, д-р Митко Тилев е кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори на 15 октомври.

-Со голема мотивираност и водејќи се од одговорноста и посветеноста на работата, умереноста, исполнителноста, високата поддршка што ја има меѓу граѓаните, угледот и кредибилитетот д-р Митко Тилев  и ВМРО-ДПМНЕ гарантираат спроведување на сериозно подготвена програма и сигурна победа уште во првиот круг, велат од партијата.

Целта на ВМРО-ДПМНЕ, посочуваат, е успешна мисија и докажување на граѓаните дека секогаш работи во интерес на охриѓани и Охрид да биде модерен и просперитетен град јасно застанувајќи и борејќи се против деструктивната политика на СДС.

Д-р Митко Тилев роден 1962 година во Скопје има завршено Медицински факултет. Специјалист-педијатар, поранешен пратеник во Собранието на РМ, деценија директор на една од најуспешните болници во регионот, болницата за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо Охридски“.

Болницата за ортопедија откако д-р Митко Тилев стана директор го зголеми бројот на пациенти за 75 % што е неспоредливо со било која институција и заедно со неговиот тим, со Благоја Балев и со останатите ченови на тимот ја работеа работата навистина и стручно.

-Нашата болница е прогласувана за една од најуспешните болници во Македонија, ние можеме да се токмиме со сите болници како во Македонија така и во регионот. Имаме пациенти не само од Охрид и југозападниот регион од Македонија туку и од соседните земји, од Албанија, од Косово што доаѓаат и им пружиме секаква помош и медицинска и стручна, изјави Д-р Митко Тилев, од позиција на директор на болницата Свети Еразмо-Охрид.

Таму за прв пат во Република Македонија беше воведена методата за телемедицина и беше пуштена во функција нова опрема за трансфузиона медицина која во охридската болница овозможи резултатите што ќе се прават во оваа здравствена установа да можат да се тумачат во било кој град на Македонија. Со новата метода се зголеми брзината на услугите што ги дава Специјалната болница од Охрид, каде што годишно се изведуваат од 1.800 до 2.000 операции.

Д-р Митко Тилев е оженет, сопруг и татко на две деца.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top