| четврток, 6 декември 2018 |

Бомбашки напад во Насирија: Загинаа 74 лица, а 97 се повредени

Најмалку 74 лица загинаа, а 97 се повредени денеска во двоен самоубиствен бомбашки напад во близина на ирачкиот град Насирија, соопшти локалната полиција.

Меѓу загинатите има цивили и припадници на безбедносните сили, а убиени се и шестмина напаѓачи.

Извор во градските болници истакна дека меѓу жртвите има и седум ирански државјани.

Според полициски извори, нападите се извршени во два ресторана во провинцијата Ди Кар. Во првиот ресторан влегле вооружени лица и отвориле оган врз посетителите, а потоа активирале автомобил-бомба во близина на контролен пункт на безбедносните сили и пукале кон нив, по што избегале во непознат правец. Вториот напад бил извршен врз ресторан покрај пат, кој ги поврзува провинциите Ди Кар и Басра.

Болнички извори тврдат дека бројот на жртвите би можел да се зголеми, имајќи предвид дека неколку луѓе се наоѓаат во критична состојба.

Одговорност за нападите презеде џихадистичката група Исламска држава. Тоа е најсмртоносниот напад во Ирак откако ИД беше протерана од Мосул.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top