| четврток, 6 декември 2018 |

Словенија оди во финале откако ја порази Шпанија со убедливи 92-72

Феномелната словенечка репрезентација обезбеди историски пласман во финалето од Европското првенство, декласирајќи го досегашниот првак Шпанија со убедливи 92-72. Словенците одиграа неповторлив натпревар во кој шутираа фантастично за тројка, но и лесно го пробиваа рекетот крај бавните браќа Гасол, додека во одбраната ја искористија слабата шутерска вечер на противниците и на крајот заслужено стигнаа до победата. Шпанија до овој меч беше несовладлива со перфектни седум победи, но овојпат „црвената фурија“ немаше одговор за извонредните Словенци, кои предводени од одличниот стратег Кокошков испишуваат нови страници во својата спортска историја.

Словенците одлично го стартуваа полуфиналето, па по пет минути игра веќе сите членови на стартната петорка се запишаа меѓу стрелците. Трите тројки во низа (Рејнолдс, Драгиќ и Блажич) им дадоа самодоверба на словенечките кошаркари, на спротивната страна Шпанците ги промашија своите први шест шута за тројка, па Словенија неслучајно стигна до предност од 17-10. Словенија на крајот на четвртината имаше позитива од 25-19, пред се поради извонредниот шут за тројка (6/8, погодија пет различни кошаркари).

Словенија во своето прво финале на европските шампионати в недела ќе се сретне со подобриот од утрешниот дуел Србија – Русија. По едно вакво издание, но и поради фактот дека на досегашните осум дуели имаат осум победи, јасно е дека без оглед на противникот Словенците ќе важат за фаворити за златото.

 

извор:екима.мк

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top