| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Нада Ѓуровска, една од најзначајните актерки во екс-Југославија со македонско потекло

Една од најзначајните босанскохерцеговски актерки со македонско потекло, Нада Ѓуровска, почина синоќа во 65-та година од животот, по долгата борба со тешката болест.

Таа е родена на 8 јануари 1952 година во Скопје, а во Сараево доаѓа како шестгодишно девојче. Во текот на животот стана сараевска легенда, а во текот на војната играше на сите три сцени на сараевските театри.

Во нејзината биографија се запишани улоги во над 30 фила и десетина ТВ серии.

Меѓу наградите и признанијата кои таа ги добила за долгогодишната работа се и престижната „Златна арена“ на Филмскиот фестивал во Пула во 1986 година.

Зад неа се и театарските улоги на Маша во „Три сестри“ на Чехов, потоа Хасанагиница, Филомена во „Учени жени“ на Молиер, Наѓа од „Роман за Лондон“ на Милош Црњански.

Ќе останат запаметени и нејзините улоги во претставите „Изгубениот син“, „Хамлет“, „Дупло дно“, „Медеја“, „Пасквелија“.

Добитничка е на „Златен ловорове венец“ за придонес во театарската уметност на фестивалот МЕСС во 2002 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top