| четврток, 6 декември 2018 |

Автобус на ЈСП прегази скопјанец

Околу 14 часот и 30 минути вчера на булевар „Трета Македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која автобус на Јавното сообраќајно претпријатие управуван од 53-годишниот М.З. од Скопје удрил во пешак.

Полицијата информира дека се работи за 52-годишниот М.И. од селото Бојане. Во незгодата М.И. се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во Ургентен центар Скопје каде бил задржано за понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top