| четврток, 6 декември 2018 |

Како по породувањето да ја вратите линијата

Брза диета не практикувајте и доколку сте имале некакви компликации во бременоста или за време на породувањето, дајте му време на телото да закрепне, препорачуваат експертите.

Комбинација на правилна исхрана и вежбање

За време на бременоста жените добиваат најмалку десетина килограми, а во просек тоа се меѓу 12 и 14 килограми, а голем број жени го надминуваат и тој просек. Тоа по правило значи долготрајно враќање на претходната тежина. Сепак некои жени, благодарение на метаболизмот, успеваат да ја загубат тежината побрзо и полесно дури и доколку се здебелиле повеќе од 20 килограми. За враќање на телесната тежина од пред бременоста најважно е да комбинирате здрава исхрана со вежбање. Не очекувајте брзи резултати, туку постепено враќање на старата тежина.

Шест килограми веднаш по породувањето

Веднаш по породувањето тежината значително се намалува. Одземете ја тежината на детето, просечно 3.500 грама, потоа 500 грама до килограм од постелката и еден килограм крв и плодова вода. Во просек мајката на породувањето ќе загуби шест килограми. По самото породување важно е да се храните здраво, особено доколку доите. Освен тоа и со доењето се губат калориите.

Како да се вратите на старата форма?

Брзите резултати можат само да ви наштетат, без разлика дали ќе се одлучите за радикална редукција на исхраната или пак за преинтензивно вежбање. Тоа не значи дека треба да лежите по цел ден и да не преземате ништо, но сепак вежбањето треба да биде умерено и во согласност со вашата здравствена состојба. Кај жените со царски рез вежбањето се препорачува дури откако раната целосно ќе заздрави. Најчесто првите недели по отпуштањето од болница лекарите препорачуваат полесно движење, прошетки и доста одмор. Поинтезивни вежби треба да се практикуваат дури неколку месеци по подорувањето.

Здраво слабеење

Заборавете на гладувањето. Морате да имате редовни оброци, можете да ги намалите количински, а насобраните маснотии ќе ги истопите доколку се движите, вежбате, согорувате калории. По бременоста на телото му е потребно околу шест месеци за да се врати во состојбата од пред породувањето, потребна му е енергија за да закрепне, но и за сите обрски, кои ги носи улогата на мајка. Најмалку првите три месеци немојте драстично да го намалувате износот на калории, туку концентрирајте се на тоа да јадете здрави продукти, кои сепак даваат доволна калориска вредност за нормално функционирање. Јадете повеќе сезонско овошје и зеленчук. Јаболкото е најдобро за слабеење, а избегнувајте банани и грозје. Пијте многу течности, најдобро вода, природни сокови, а избегнувајте газирани пијалоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top