| четврток, 6 декември 2018 |

ДПА излегува, Беса влегува во ДИК

Со 80 гласа „за“, без ниту еден „против“ и воздржан глас денеска беше донесена одлуката за распишување оглас за нов член на Државната изборна комисија. Имено, со оваа одлука местото на Бедредин Ибраими од ДПА, треба да биде заменето со претставник на Беса, како втора најголема опозициска партија од албанскиот блок.

Потоа претседателот на Собранието, Талат Цафери ја прекина 15-тата седница со образложение дека на тој начин им дава повеќе време на претставниците на партиите да ги завршат обврските во ДИК за поднесување кандидатски листи за градоначалници. Рокот истекува утре на полноќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top