| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ им отвора војна на 100 странски компании, доведени во прашање 20.000 вработувања

Владата на Република Македонија денеска ќе објави информации за тоа колку државна помош им е доделена на странските инвеститори.вПодатоците се содржани во „Анализата на трошоци – наспроти резултатите од странските директни инвестиции во Македонија во периодот 2007 – мај 2017. Анализата е направена по одлуката донесена на владина седница за декласификација на договорите потпишани од поранешната влада.

Освен што со објавувањето на договорите ќе се направи обид за дефокусирање на јавноста од Законот за јазиците, Владата на СДСМ ќе ѝ направи далеку несогледлива штета на економијата отворајќи им војна на 100 странски компании. Неизвесни ќе станат над 20.000 вработувања.

Со овој лекомислен потег, искористен за дневно-политичка цел, се утива позицијата на Македонија за привлекување странски инвестиции во однос на конкурентите Србија, Бугарија, Грција. Отворањето на договорите ќе им даде можност на овие земји да ги коригираат своите договори и инвестициите наменети за Македонија да заминат во некоја друга земја.

Владата на СДС донесе исклучително штетна одлука за декласифицирање и објавување на субвенциите кои се даваат на странските инвеститори во Република Македонија, потег кој ќе влијае на потенцијалните инвеститори и нивните намери да дојдат во земјава да инвестираат, смета Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој на вели дека не е тајна, ниту е незаконски тоа што Македонија, како и повеќето земји низ светот, кои се борат за странски инвестиции, дава субвенции по некаква основа.

Со оваа нова одлука владата ја руши конкурентоста на државата во однос на другите соседни и регионални држави кои исто се натпреваруваат за инвестиции. Секоја земја прави напори и води преговори со инвеститорите во тој правец. Тоа го прават и Србија, Бугарија, Романија, Чешка, Унгарија, но и одредени држави во САД и други развиени земји кога сакаат да привлечат голем работодавач. Компаниите кои доаѓаат не посакуваат јавно објавување на нивните договори и приходи по основ на субвенции, а тоа не и одговара ни на државата. Прво затоа што се откриваат позициите пред другите земји конкуренти, бидејќи најчесто за еден инвеститор во процесот на одлука се натпреваруваат најмалку 5-6 држави, а некогаш и повеќе, со различни понуди кои најчесто не се објавуваат, вели Груевски.

Поранешниот министер за правда Михајло Маневски смета дека декласификација на информациите му е потребна на Заев за да прикаже дека се донесени странски инвестиции, но по многу висока цена и големи субвенции, за да може да ја оправда сопствената тотална неспособност и екомномски колапс во кој ја доведе државата за само сто дена владеење.

„Декласидфикацијата на информациите за склучени договори со странските инвеститори е голема закана за довербата на странските инвеститори во државата. Објавата на такви информации за склучени договори со странски инвеститори и условите од тие договори значи збогување со странски капитал во државата барем за наредните 50 години.

Зошто му е потребна на Зоран Заев декласификација на информациите за договорите склучени со странските инвеститори? Целта е сосема јасна, да се прикаже дека се донесени странски инвестиции, но по многу висока цена и големи субвенции, за да може да ја оправда сопствената тотална неспособност и екомномски колапс во кој ја доведе државата за само сто дена владеење. Така размислува само еден кусоглед човек, кој не го почитува Законот за класифицирани информации и повеќе од 20 меѓународни договори и спогодби за заштита на класифицираните информации што ги ратификувало Собрнието на Република Македонија.

Декласификацијата и објавувањето на класифицирани информаци е преставува тешко повреда на тајноста на податоците и информациите. Покрај материјалната одговрност, во Кривичниоот законик е предвидена кривична одговорност за кривично дело Оддавање н неовластено прибавување на деловна тајна од член 281 од Кривичниот законик, за кое дело е предвидена казна затвор и до 10 години“, пишува поранешниот министер за правда Михајло Маневски во Колумната „Не бркајте ги странските инвестиции“.

Повеќе компании се жалат на некоректниот однос на Владата, која го загрозува нивното работење. За да ги сервисираат тековните трошоци и исплатите на платите, десетици големи компании се принудени да се задолжуваат во банките, а помалите компании сериозно размислуваат да стават клуч доколку продолжи лошата бизнис клима.

Овој месец во споредба со минатиот извозот падна на 52 милиони евра. „Катастрофата во најава“ со речникот на поранешната опозиција ја опиша и пратеникот Илија Димовски на Фејсбук:

„Извозот од РМ во јули 2017 споредено со јуни 2017 е НАМАЛЕН за 11,9%. Извозот од РМ во јули 2017 споредено со јули 2016 е НАМАЛЕН за 5,6%“, потенцира Димовски.

 

Масовни отпуштања: Три големи странски компании ја напуштаат државата

СДСМ се откажува од речиси шеесетина странски компании со кои владата на ВМРО-ДПМНЕ била во сериозна и длабока фаза на преговори. Компании кои доколку одлучат да инвестираат во Македонија, ќе отворат 25.000 нови работни места.

– Владиниот тим беше во комуникација со неколку стотици компании за нивно инвестирање во Македонија, но во сериозна и многу длабока фаза на разговори бевме со речиси 60 тина компании кои доколку не бидат попречени, или на било кој начин одвратени, особено преку овие новини кои ги најави владата и севкупно со новиот однос и пристап, овие инвеститори ќе донесат потенцијално над 25.000 нови директни вработувања. Секако и голем број индиректни работни места, рече Груевски.

Груевски: Владата на СДС и Заев се откажува од 60 странски компании и над 25.000 работни места

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top