Српскиот претседател Александар Вучиќ изрази сочувство до семејствата на загинатите рудари на денешното јавно обраќање на државната телевизија. Тој потенцираше дека Србија се соочува со недостаток на работна сила и затоа мора да увезува работници однадвор.
– Најискрено сочуство до семејствата на македонските рудари кои загинаа во Србија. Искрено ми е жал, навистина. А знаете зошто ни се случува ова? Зошто немаме доволно работници и рудари од Србија, рече српскиот претседател во вонредното обраќање по повод важни државни прашања.
Двајца рудари од Македонија Зоран Петковски (48) од Крива Паланка и Тони Нанев (53) од Пробиштип настрадаа во рудникот Лече во околина на Медвеѓа, на југот од Србија. Беживотните тела на двајцата рудари кои работеле во рудникот се пронајдени сношти околу 23 часот. Нивните колеги за српските медиуми изјавиле дека несреќата се случила за време на минирање во една од рударските окна.
Рударите не се повлекле навреме што било причина за задушување од гасовите во јамата што биле испуштени при минирањето. Додека други рудари тврдат дека нивните колеги од Македонија се задушиле по минирањето. Истрагата е во тек, а телата се дадени на обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст