Скандалозната изјава на Заев дека ќе амнестира осудени криминалци, кои му се насушно потребни за за локалните избори на 15 октомври, според многу експерти се должи на високиот рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ. Ослободените криминалци и бандити на Зоран Заев би требало да му помогнат така што ќе изнудуваат и заплашуваат за време на изборниот циклус.
–Јас сум за закон за амнестија, се надеваме дека што побрзо ќе може да влезе во владина и во собраниска процедура, изјави Заев при посетата на затворот во Идризово.
Со оваа амнестија Зоран Заев вети амнестија за силувачи, убијци, педофили… Да не заборавиме дека откако дојде Зоран Заев на власт беше укинат и интернет регистарот на педофилите, па беѓе вратен по жестоките реакции на граѓаните.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се остро против овој закон и дека со сите сили ќе се обидат да го спречат неговото донесување во Собрание.
Експертите се едногласни дека токму оние криминалци за кои Заев најави дека ќе бидат ослободени ќе бидат главниот адут на владејачката партија за локалните избори. Причина за тоа е слабиот рејтинг кој го има СДСМ и анкетите кои прогнозираат голем пораз на СДСМ на изборите.
Граѓаните остро реагираа на социјалните мрежи на овие најави на премиерот Заев. Тие му порачаа да инвестира во реновирање на болниците, дека треба да одговора за велепредавство, а не да ветува амнестии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


