Охриѓани на референдум ќе одлучуваат дали сакаат во нивниот град да се населат мигранти или не, советниците на СДСМ од овој град, како и од сите други каде досега се распишани референдуми, не гласаа ЗА граѓаните сами да одлучат дали сакаат да живеат со мигранти во своите општини.
Илија Арнаудоски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Охрид кажа дека денеска советниците од СДСМ биле против одржување на референдум.
-Тие од туристички центар сакаат Охрид да го претворат во бегалски камп. Јасно ни е дека ја препознавате манупацијата и ароганцијата на СДСМ. Денеска советниците на СДСМ во Општина Охрид со тоа што беа воздржани, тие всушност гласаа за населување на мигранти. Гласаа за изградба на станови, бесплатно образование, здравство и социјални услуги за мигрантите, изјави Арнаудоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


