| четврток, 6 декември 2018 |

Уставниот суд на Шпанија го укина каталонскиот закон за независност

Уставниот суд на Шпанија го укина законот со кој се поставуваше правна рамка за воспоставување независност на Каталонија, откако минатата недела беше суспендиран и законот за одржување референдум во Каталонија, планиран за 1 октомври.

Уставниот суд ги суспендираше двата закона, а судиите одлучуваа за тоа дали со нив се крши Уставот од 1978 година.

Шпанската Влада го прогласи за незаконско одржувањето на каков и да е референдум, бидејќи во Уставот е наведено дека „Шпанија е неделива“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top