Николас Ван Варенберг, синот на познатиот актер Жан Клод Ван Дам, бил уапсен во Аризона, откако под дејство на дрога направил инцидент во зградата во која живее.
21-Годишниот Николас е најмладиот син на популарниот акционен актер, а комшиите повикале полиција откако тој започнал да дивее во лифтот и направил материјална штета.
Кога пристигнала полицијата, во ходникот биле забележани траги од крв, а вратата од станот ја отворил неговиот цимер. Ван Варенберг имал повреда на раката, но одбил да повика итна помош.
Само 20 минути подоцна неговиот цимер истрчал од станот и ја повикал полицијата да се врати. На полицајците и раскажал дека Николас го затворил во собата и му се заканувал со нож, бидејќи претходно им ја отворил вратата на полицијата.
Николас потоа бил уапсен и обвинет за напад со смртоносно оружје и поседување на наркотични средства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст