Извештајот на „Фајненс тинк“ покажува дека растот на економијата е замрзнат и сите параметри укажуваат на надолен тренд. Паднаа извозот, странските инвестиции, индустриското произвотство , просечните плати.. се топат девизните резерви. До крајот на годината можни се отпуштања на работници од странските инвестиции.
Економијата остана „замрзната“, поради што „Фајненс тинк“ бележи надолен трнд на растот на БДП за годинава на 0.8 отсто. Оваа значајна надолна ревизија на БДП е одраз и на повисокиот пад на економијата од очекуваниот во вториот квартал годинава, како и на застојот во реализацијата на капиталните инвестиции, понатамошната воздржаност на потенци јалните странски инвеститори и отсуството на амбициозна и структуирана економска цел и програма во моментов, оценува овој институт за економски истражувања и политики.
Бруто-инвестициите се намалија за 19,9%. Истовремено, во отсуство на владин импулс, капиталните инвестиции, особено оние во крупната инфраструктура, се реализираа со значително забавено темпо. Градежништвото се намали за 17,3%.
Паралелно на ваквите движења на економијата, стапката на невработност забележа понатамошно благо намалување за 0,3 процентни поени, до 22,6%, кое главно се должи на исцрпувањето на ефектите од вработувањата во фабрките кои веќе беа воспоставени во економијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.