| четврток, 6 декември 2018 |

Британскиот актер Рејф Фајнс доби српско државјанство

Британскиот актер и режисер Рејф Фајнс доби државјанство на Србија, објавено е во последниот „Службен гласник“, пишуваат медиумите во таа земја.

Решението за државјанството го потпишала премиерката на Србија Ана Брнабиќ на 7 септември.

Фајнс во Белград снима филм за најголемиот балетан на сите времиња Рудолф Нуреев.

Тој во 2010 година во Србија го снимаше филмот „Кориолан“.

На 23 јуни беше гостин на свеченоста која ја организираше претседателот на Србија Александар Вучиќ по повод стапувањето на должност.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top