| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдено телото на исчезнатиот радовишанец

Телото на Р.А. (30) од селото Дедино, кој се водеше како исчезнат е најдено вчера околу 14 часот во водите на браната „Мантово“, од каде го извадила нуркачка екипа од Единицата за специјални задачи.

Екипа од итна медицинска екипа констатирала смрт. Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициска станица Радовиш. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на фамилијата..

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top