Поради сериозноста на нејзината состојба била пренесена на Клиниката за токсикологија при Клинички центар Скопје.
Битолчанка почина од труење со син камен ноќеска во 00.30 часот на Клиниката за токсикологија при Клиничкиот центар во Скопје.
Л.Ш. (58) на 01 септември во 18.30 часот се јавила во Итна медицинска помош и побарала лекарска помош, по што, поради сериозноста на нејзината состојба, другиот ден била пренесена на Клиниката за токсикологија при Клинички центар Скопје. Екипа од СВР Битола извршила увид на местото. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.