Овој ден е особено важен за христијаните, а постот е еднодневен, но многу строг. Ако изедете нешто црвено тешко вам…
На денешен ден се сеќаваме на Свети Јован Крстител, голем проповедник и претходник на Исус Христос. Иако денот е посветен на прослава на светецот се сеќаваме и на неговиот маченички живот и затоа се подразбира еден од најстрогите постови во православниот календар.
Тогашниот валдетел на Галилеја, Ирод Антип ја избркал својата законска сопруга, а себе си за љубовница си ја довел жената на својот брат Филип-Иродијада. Јован бил единствениот кој се побунил против таквиот грев на царот поради што набрги бил фрлен во самица.
Иродијада особено не го сакала Јован и според легендата токму таа е виновна за неговата смрт. ќерката на Иродијана, според легендата, на прославата на роденденот на Ирод Антип одиграла танц кој на царот многу му се допаднал. Тогаш тој и понудил да посака било што од него и дека тоа ќе и биде исполнето. Иродијана го наговорила да и ја даде главата на Јован. И ја добила.
Телото на светецот неговите ученици го закопале во палестина а главата Иродијана ја закопала во својот дворец.
Поради огромното страдање на големиот пророк на овој ден строго се пости, па некои христијани не јадат и не пијат ништо до вечер. Исто така никако не треба да јадете и да пиете ништо што има црвена боја, бидејќи тоа потсетува на насилно пролиената крв на Светиот Јован Крстител.
Во селата во минатото родителите не икм дозволувале на децата на денешен ден да јадат праски, јаболка, домати поради црвената боја. Ги праќале да берат лековити билки, а сите во домовите избегнувале секаква тешка работа.
Денеска нож никако не се зема в рака, бидејќи потсетува на насилство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Утре е голем и тежок празник – Свети Архангел Михаил: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Ни доаѓа Огнена Марија: Ова никако не смеете да правите !
-
Ако сте љубител на јаболка, на Петровден никако не сечете ги со нож, а во зорите треба…
-
Иванден е ден за лекување болести и за добивање потомство: Денеска Сонцето застанува три пати