| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на Ниче и Љупка Василев во галерија МКЦ

Во  Галеријата на Младинскиот кутурен  центар вторник  12 септември  во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата на Ниче Василев и неговата ќерка Љупка Василев.

Ниче Василев  роден е во Дабиле, Струмичко. Академија на ликовна уметност завршил во Варшава 1978  во класата на проф. Лудвик Мачонг. Во 1971/72 година студирал на Националната Уметничка Академија на факултетот за применета уметност во Софија. Член  е на ДЛУМ од 1980 г. Живее и работи во Струмица, Македонија.

Реализирал над 30 самостојни изложби во Македонија и странство, меѓу кои во Скопје, Струмица, Битола, Штип, Гевгелија, Варшава , Атина, Софија , Анкара, Цирих , Мадрид , Белград и др.

Учествувал на повеќе групни изложби и ликовни колонии во Македонија , Бугарија, Србија…

????????????????????????????????????

Љупка Галазка-Василев родена на 16.08.1979г. во Струмица, Македонија. Дипломирала на Националаната Ликовна Академија во Софија, отсек текстил. Живее и работи во Струмица како професор по ликовна уметност во средно училиште.

За нив  Горјан Ѓорѓиев ќе истакне: Без уметноста на Ниче и неговата ќерка Љупка не би можеле делумно да ја осознаеме нивната психичка структура и нивниот поглед на надворешната појавност и значењaта што кај нив ги поттикнувaат емоциите. Уметноста на таткото и ќерката, различна или слична, им овозможува да се изгубат во апстрактната идеја  и да се  пронајдат во реалната визија на материјата. Ликовната уметност е нешто што не може да се долови со зборови, но сепак, колоритот, тишината и спокојот, кои неминовно ни се наметнуваат со грациозната седечка фигури (дама), кај Ниче, и елегантната асоцијација на лирски енформел кај Љупка, нè наведува на прекрасно чувство во опсервацијата на делата. Оваа изложба е сублимат на двајца квалитетни мајстори, кои опстојуваат  во негувањето на тишината и спокојот во душата, во кој ритуал го пронаоѓаат внатрешно битие и му дозволуваат да се разигра во сиот ликовен спектар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top