Северна Кореја предупреди дека ќе им нанесе „најголемо страдање“ на САД доколку Вашингтон продолжи да се залага за поостри санкции од ОН по шестата нуклеарна проба на Пјонгјанг.
Во соопштението на севернокорејското Министерство за надворешни работи се наведува дека доколку Вашингтон влијае на усвојување на „илегалната и незаконска резолуција“ за построги санкции, Пјонгјанг ќе се погрижи САД „да ја платат цената“.
– Мерките кои ќе ги преземе Северна Кореја ќе им предизвикаат на САД најголема болка и страдање од кога било во нивната историја, соопшти Министерството.
Како што се додава, „светот ќе набљудува како Северна Кореја може да ги скроти американските гангстери со преземање на серија акции, кои се поостри отколку што можат тие да предвидат“.
Вашингтон сака Советот за безбедност на ОН денеска да гласа за воведување нови санкции против Пјонгјанг, и покрај спротивставувањето на Пекинг и Москва.
САД предлагаат нафтено ембарго за Северна Кореја, замрзнување на имотот на нејзиниот лидер Ким Јонг-ун, но и забрана за извоз на текстил и исплата на севернокорејските работници во странство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст