| четврток, 6 декември 2018 |

Кариќ сака да биде премиер на Србија

Српскиот бизнисмен Богољуб Кариќ изјави дека има амбиции да стане премиер, но за своите намери досега не разговарал со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

– Мои амбиции се да бидам премиер на Србија, и ќе работам на тоа да го остварам – истакна Кариќ за весникот „Блиц“.

Сепак тој додаде дека не планира на таа функција да ја замени актуелната премиерка Ана Брнабиќ.

– Трпелив сум, за мене има време – смета Кариќ.

Тој потврди дека „апсолутно не е заинтересиран“ за градоначалничко место, а неговата партија ќе има свој кандидат, како и останатите партии на листата, но СНС ќе го има завршниот збор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top