| четврток, 6 декември 2018 |

Не бркајте ги странските инвеститори

Михајло Маневски

Денес кога секоја замја се бори за влегување на странски капитал и за отварање на нови фабрики и нови работни места, неспособната Влада на Зоран Заев удри по странските инвеститори. Запнаа од петни жили да ги избркаат странските инвеститори и да ги уништат отворените фабрики со странски капитал во кој се вработија повеќе илјади лица во индустриските развојни зони во Скопје, Тетово, Велес, Штип, Битола, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Струга, Кичево, Струмица  и други развојни зони.

Зоран Заев удри по највредното и најдоброто за народот и државата. Удри поради тоа што тој странски капитал со многу труд и многу напори го донесе  предходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ. Удри од омраза и завист, неспособен да донесе ниту едно евро странска инвестиција. Се покажува јак и силен да уништи инвеститори и фабрики кои го сочинуваат  40% од извозот на државата.

Декласификација на информации

Декласидфикацијата на информациите за  склучени договори со странските инвеститори е голема закана за довербата на странските инвеститори во државата. Објавата на такви информации за склучени договори со странски инвеститори и условите од тие договори значи збогување со странски капитал во државата  барем за наредните 50 години.

Зошто му е потребна на Зоран Заев декласификација на информациите за договорите склучени со странските инвеститори? Целта е сосема јасна, да се прикаже дека се донесени странски инвестиции, но по многу висока цена и големи субвенции, за да може да ја оправда сопствената тотална неспособност и екомномски колабс во кој ја доведе државата за само сто дена владеење. Така размислува само еден кусоглед човек, кој не го почитува Законот за класифицирани информации и повеќе од 20 Меѓународни договори и Спогодби за заштита на класифицираните информации што ги ратификувало Собрнието на Република Македонија.

Декласификацијата и објавувањето  на класифицирани информаци е преставува тешко повреда на тајноста на податоците и информациите. Покрај материјалната одговрност, во Кривичниоот законик е предвидена кривична одговорност за кривично дело Оддавање н неовластено прибавување на деловна тајна од член 281 од Кривичниот законик, за кое дело е предвидена казна затвор и до 10 години.

Закана со нови даноци и нови обврски

Заканата со нови даноци, надвор од условите што постоеле при склучувањето на договорите со странските инвеститори и другите услови предвидени во договорите, преставува недопуштено еднострано кршење на договорените обврски. Основно правило во деловнот свет е почитување и исполнување на договорените права и обврски.  Постапувањето на Владата има една погубна цел, а тоа е бркање на странските инвеститори од државата.

Арогантен однос спрема странските компании

Владата и вицепремиерот Кочо Анѓучев задолжен за еконовмија и толку министри за привлекување на странски инвестиции не обезбедуваат потребна соработка со странските компании. Странските инвеститори и странските компании Владата на Зоран Заев ги третира како некое страно тело во нашиот економски систем, а не неопходна потреба за економскиот и финансиски развој на државата.

Капиталот е доста чувствителен на неодговорни и небулозни закани и на непочитување на договорните обврски. Капиталот зависно од околностите секогаш е подготвен за преселба. За жал, тоа веќе и се најавува за фабрика од автомобилската индустрија која вработува над илјада лица. Ако се продолжи на ваков начин, состојбите можат бргу да се влошат.

Отчет на потпреседателот Кочо Анѓушев за 100 дена

Потпреседтелот на Владата Кочо Анѓушев во отчетот за тоа што сработила Владата на полето на економијата за 100 дена не наведе ниту еден конкретен резултат. Нема никакви позитивни резултати и ништо со што Кочо Анѓушев можеше да се пофали. Тоа е загрижувачка катастрофална сосојба и неславен рекорд  за сто дена ништо конктретно да не се сработи!!

За сто дена, резултатот на Владата на полето на економијата е рамен на нула. Допрва се ќе се промовирала  програма за индустриски раст и за  зголемување на конкурентноста и ќе се предложеле мерки кои ќе се однесувале на странските и на домашните компании.  Се се сведува на тоа што ќе се стори, а не за тоа што е сторено и какви резултати се постигнати.

Не само што нема никакви позитивни резултати во развојот на економијата, туку има големи слабости и пад на индуструиското производство. Огромен е падот на градежништвото за месец јуни од дури 25%.  Вртоглавиот пад во градежништвото се поклопува со прекинот на градбите на автопатите Кичево – Охрид, експресниот пат Градско – Прилеп, забавување на работите на автопатот Скопје – Штип и на многу други градежни проекти.

Ова Влада не е способна да гради и да го развива градежништвото и економијата. Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски покажа застрашувачка неспособност. Со месеци неспособноста ја прокрива со некакви технички пропуси. На човекот толку му е силата, бидејки не е кадарен да изгради едно селско патче, а камоли да гради автопати и брзи патишта.

Информација за државната помош на странските компании

Владата не се откажува од  декласификација на класифицираните информации и и  во следните денови ќе излезела  со информација за државната помош која им била давана на странските инвеститори. Информацијата ќе била кумулативна и ќе содржела податоци за субвенциите, трошоците за изградба на Индустриските развојни зони, даночните олеснувања и друга помош.

Зошто е потребна ваква информација на Владата? Ваквата Информација има исклучително политичка, а не екомомска фиункција. Зоран Заев  и Кочо Анѓушев место да се посветат на реалната опасност од рецесија на економијата, која ја немаше ниту во најтешките години на екононската и финансиска криза, се претвараат во истражители каква помош им е пружена на странските инвеститори.

Дали знаат дека фабрика не се гради на ледина и дека за тоа требаат услови, да се изгради инфраструктурата, водовод, канализација, довод на електрична енергија, патишта, телефонска инсталација и многу други потреби.  Како мислат да привлекуваат странски инвеститори, ако веќе дојдените ги бркаат?

Нема Влада која сака да привлече странски инвестивции, а да не ги подржува инвеститорите

Само за подсетување. Каков беше Скопскиот и Охридскиот аеродром? Тоа беа селски аеродроми со мизерни стандарди. На Скопскиорт аеродром дневно слетуваа и излетуваа по 2 до 3 авиони, а на Охридскиот аеродром толку за цела недела. Каква е сега состојбата? Тоа се аеродроми со највисоки стандарди. На Скопскиот аеродром дневно слетуваат и по педесетина авиони на повеќе од триесетина директни дестинации. Се ангажираа нискобуџетски компании. Гледањето само на субвенциите и подршката, а не на користа од сето тоа што се прави е економско слепило.

Ова Влада нема капацитет да обезбеди економски и финансиски разбвој на државата. Со падот на индустриското производство и неповолните финансиски резултати, државата ја веди во економски колапс.

Ништо не се одвива според потребите на државата и граѓаните. Добро одат само тендерите на министри и грабеж на недвижен имот по багателни цени од семоќните властодршци.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top