Собранието на Република Македонија денеска на седница ќе расправа за седум точки, меѓу кои и интерпелација за тројца министри од новата Влада.
Пратениците ќе расправаат за интерпелација на министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и за министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, поднесени од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
Како што соопшти пратеникот до ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на прес-конференција на почетокот на август, клучните причини за интерпелација на Димитров се: Договорот со Бугарија, тоа што Александар Николовски од ВМРО ДПМНЕ не е именуван за амбасадор во Брисел и немањето јасен став за прашањето за бегалците.
Пратеници од ВМРО ДПМНЕ поднеле барање за интерпелација на министерот за министерот за земјоделство, Љупчо Николовски бидејќи сметаат дека тој е најодговорен за неажурноста при справување со пожарите и нерешените проблеми на земјоделците.
Пратеникот на ВМРО- ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев изјави дека Царовска не ги консултирала граѓаните и дека тие не се запознаени со стратегијата, а ниту се конслултирани општините, туку се ставени пред свршен чин.
На дневен ред се и предлозите на законите за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита и на Законот за заштита на деца и двата во прво читање.
На пленарната седница пратениците ќе ги разгледаат и предлозите за дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост и на Законот за водостопанство и двата во прво читање, а поднесени од пратениците од опозицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст