| четврток, 6 декември 2018 |

Дали Перо Антиќ ќе се врати во Црвена ѕвезда?

Црвено-белите бараат последно засилување за сезоната 2017/18, а радарот наводно е завртен кон нивниот поранешен играч Перо Антиќ кој моментално игра за Фенербахче.

-Црвена ѕвезда преговара со поранешниот играч на Партизан, Кевин Џонсон“, стои во објавата на „Спортандо“ што веднаш предизвика големо внимание.

Покрај Џонсон, во игра за засилување е и името на Антиќ кој играше во Ѕвезда од 2005 до 2007 година.

Познато е дека Антиќ е голем фан на Црвена ѕвезда, но дали е тоа доволно да се врати на стариот тим, останува да се види.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top