| четврток, 6 декември 2018 |

Тој е татко а годината, а ова е советот до момчињата кои ќе се состануваат со неговите ќерки

Џеј Ворен Велч од Австралија е прогласен за „татко на годината“ на „Инстаграм“ откако на оваа социјална мрежа објави своја верзија на традиционални правила за одгледување ќерки.

Велч, кој истакнува дека не одгледува принцези, наместо традиционалните, објавил сопствени правила, пренесува „Њу Зиланд Хералд“.

„Правила за состаноци со моите ќерки: Морате да ги прашате кои се нивните лични правила. Своите ќерки не ги одгледувам да бидат жени кои ќе мислат дека нема да можат да бидат почитувани доколку при рака ја немаат помошта од својот страшен, посесивен татко. Ќе морате да ги почитувате! Доколку не се случи тоа, ветувам дека нема да им биде потребна моја помош за да ве дотераат каде што ви е местото. Со среќа!“ напишал гордиот татко.

Велч и неговата сопруга имаат пет ќерки, и вели дека ја разбира „потребата на другите татковци да ги заштитат нивните ќерки“.

„Одлично го разбирам тоа. Но, она за што зборувам нема никаква врска со тој заштитнички инстинкт, туку со одреден доминантен став кон жените и уверувањето дека жените не се способни да се грижат самите за себе“, објаснил тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top