Најновата студија покажа дека луѓето ги игнорираат симптомите кои би можеле да им го спасат животот. Ненадеен срцев застој не мора секогаш да биде големо изненадување.
Најновите истражувања покажаа дека многу луѓе ги игнорираат сигналите кои телото им ги упатува со недели пред застојот. Околу 350.000 луѓе, само во САД, секоја година умираат од срцево запирање, кое не треба да се меша со срцев удар. Срцево запирање претставува многу погрдо сценарио, затоа што срцето одеднаш престанува да чука, бидејќи неговата електрична активност “испаѓа” од ритамот. Cо реанимација може да се купи малку време, но факт е дека ретко кој пациент преживува.
Неодамна е направено неверојатно истражување во Портланд, со кое повеќе од една деценија ги следело луѓето кои страдаат од срцев застој. Со текот на времето, се разговарало со многу луѓе кои биле блиски на жртвите, како и со преживеаните, па биле темелно прегледани нивните здравствени картони. Се покажало дека половината од пациентите на средна возраст имале знаци на предупредување пред застојот, главно во форма на болка во градите и отежнато дишење, кое започнало околу еден месец пред запирањето.
-До моментот кога некој би повикал брза помош, за 90 % од луѓето за жал, е премногу доцна. Но, постои шанса да се промени тоа, за која не знаеме до сега, објаснува д-р Sumeet Chugh од Институтот за срце во Лос Анџелес, кој е, исто така, и автор на студијата.
Интересно е дека неколку пациенти сфатиле дека нивните симптоми се доволно загрижувачки, па повикале брза помош пред да колабираат. Тие, исто така, имале и најдобри шанси да го преживеат запирањето на срцето. Тоа е показател дека не треба да се игнорираат сигналите кои нѝ ги испраќа телото. На прво место е болката во градите и отежнато дишење – кои веднаш би требало да ве “избркаат” во болница.
Претходен срцев удар, коронарна срцева болест и некои генетски нарушувања кои влијаат на работата на срцето го зголемуваат ризикот од ненадејното запирање на срцето, а луѓето кои знаат дека им се заканува поголем ризик можеби ќе треба да се вгради дефибрилатор да се врати срцето во правилен ритам. Иако една четвртина од луѓето кои го искусиле срцевото запирање не доживеале бар еден симптом, со тоа дека кај повеќемина симптомите се случиле во рок од 24 часа пред застојот, иако кај некои почнале да се манифестираат и до еден месец порано.
Кај мажите, најчесто се јавуваат болки во градите, додека жените почесто остануваат без здив. Други симптоми на кои треба да се обрне внимание се вртоглавица и неправилна работа на срцето, пишува Хамилтон Спектатор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ова се првите симптоми на рак на дебело црево…
-
Имате тахикардија и срцето ви прескокнува? Како да го успорите за една минута без лекови
-
Заболените од рак ги опишаа првите симптоми кои ги имале, а кои често се заменуваат со други болести
-
Оваа тајна била чувана 8 века: Откриен е најдобриот лек за срце!